Top
Lice

Moќна маска против акни од две состојки

Акните се проблем со кој не се соочуваат само тинејџерите, туку и постари лица. Сојузници на убавата кожа се здравата исхрана, хидратацијата и негата на лицето. Токму во нив се вбројува и оваа маска за лице која се подготвува со 2 состојки:
– 1 белка од јајце
– 1 мала лажичка свежо цеден сок од лимон

Белката изматете ја и додадете го лимоновиот сок. Лицето измијте го со топла вода за да ги отстраните можните нечистотии од лицето, но не користете сапун или гел за чистење. Со четкичка нанесете ја оваа маска на целото лице и избегнете го делот околу очите. Оставете ја маската да делува 20-25 минути, потоа отстранете ја и намачкајте го лицето со крема за лице на база на камилица.

Сокот од лимон е еден од најмоќните сојузници во борба против масти и бактерии, како во домаќинството, така и во подготовката на козметички препарати. Toj e oдличен алат во отстранување на акните и ги затвора порите на кожата. Белките се исто така одлични сојузници на здравото и чисто лице.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>