Top
maska_za_lice

Мед, млеко и аспирин против акни

Постојаното допирање на кожата е штетно бидејќи рацете ни се изложени на милион бактерии кои предизвикуваат акни и црвенило. Во борбата против акните во голема мера може да ви помогнат мед, млеко, аспирин и паста за заби. Млечната киселина нежно ја ексфолира кожата, медот дејствува антибактериски и спречува воспаление, а салицилната киселина од аспиринот ги брише вишокот маснотии од кожата.

  • Пилинг од млеко
    За овој пилинг потребни се: 1½ шолја кафеав шеќер, 3 лажици млеко и лажица мед. Оваа мешавина на лицето се нанесува со кружни движења, а лицето се мие после 10 минути. Мастите од млекото ја хидрираат кожата, а млечната киселина ја ексфолира кожата.
  • Маска од мед
    Помешајте 3 лажици мед и 3 лажици цимет. Подготвената мешавина нанесете ја на лице и оставете ја да дејствува 15 минути. Медот делува антибактериски, ги впива нечистотиите од порите и спречува мастење на кожата.
  • Паста од аспирин
    Здробете неколку таблети аспирин, додадете малку вода и мешајте додека не добиете паста. Откако ќе добиете погуста смеса, додадете лажица мед и нанестете на лице. Пред да ја измиете со вода, оставете ја дејствува 10-тина минути. Аспиринот содржи салицилна киселина која ја разградува нечистотијата и ги брише вишокот маснотии. Маската не се препорачува на луѓе кои се алергични на овој лек.
  • Паста за заби
    Традиционален лек против акни е пастата за заби, а тајната за успехот лежи во сулфурот. Тој помага во деблокирање на порите и го суши вишокот на себум. Пастата за заби не се препорачува на лица со чувствителна кожа.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *