Top
Маслиново масло и камилица за нежен допир

Маслиново масло и камилица за нежен допир

Ленот и бадемовото масло ги зајакнуваат ноктите, пире од компири на кожата ѝ дава сјај, а маслиновото масло ќе ги отстрани трагите од средствата за чистење.
Ако средствата за чистење оставиле траги на вашите раце, пред спиење намачкајте ги со маслиново масло и лимонов сок, ставете памучни ракавици и оставете да делува во текот на ноќта.
Тенките, суви и кршливи нокти се чест проблем, а може да се зајакнат на едноставен начин. Ноктите ја губат влажноста стотина пати побрзо отколку кожата. Токму затоа, еднаш или два пати неделно подгответе домашен пилинг за зацрстување на нокти. Помешајте лажица маслиново масло, лажица рицинусово масло, лажица мед и половина шолја мелени ореви. Овој домашен пилинг нанесете го на рацете и ноктите со кружни движења. Потоа измијте ги рацете со топла вода и нанесете мрсна крема.

  • Пире од компир и млеко
    Сварете три компири, испасирајте ги со вилушка и додадете малку млеко, за да добиете смеса слична на тесто. Топлата смеса нанесете ја на рацете и оставете ја да дејствува додека не се олади. Потоа измијте ги рацете со млака вода и нанесете хидратантна крема.
  • Пријатна „купка“
    Направете чај со една лажица камилица и еден литар жешка вода. Откако чајот ќе стане млак, ставете ги рацете во него, држете ги 15-20 минути и на крај нежно избришете ги.
  • Пилинг од лен
    Измелете една шака ленено семе и помешајте го со лажица бадемово масло. Ставете и малку топла вода и промешајте. Со оваа смеса масирајте ги рацете 15-тина минути, а потоа измијте ги со млака вода и нанесете крема.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>