Top
Maska-od-kromid-iLike-mk

Маски од кромид против опаѓање и брз раст на косата

Кромидот е еден од најдобрите дарови на природата. Тој е одличен препарат за коса доколку се соочувате со расцветани врвови и опаѓање. Кромидот содржи сулфур кој го храни коренот на косата и го забрзува нејзиното растење.

Во продолжение неколку маски на база на кромид:

Сок од кромид
Исцедете сок од кромид и измешајте го со вода во сооднос 2:1. Намачкајте ја косата, особено темето и оставете да делува 30 минути. Можете да ја завиткате косата со пешкир, за да може кромидот да се апсорбира во фоликулите на влакната.

Кромид и кокосово масло
Кога ќе се измеша со масло, сокот од кромид го забрзува растењето на косата и ја храни. Измешајте го сокот од кромид со масло и масирајте ја косата. Завиткајте ја со пешкир и оставете ја да стои 30 минути.

Кромид и пиво
Парчиња од кромид или сок од кромид можете да измешате со пиво за да го забрзате растењето на косата. Применувајте ја маската два пати седмично.

Кромид и мед
Оваа е најефикасна комбинација за забрзување на растот на косата. Изгмечете го кромидот и додадете малку мед. Нанесете го на косата и оставете го да отстои. Измијте ја косата со млака вода.

Кромид и рум
Ставете една главица кромид во чаша со рум да отстои една вечер. Следното утро масирајте ја косата со оваа мешавина.

Кромид и лимон
Можете да користите комбинација од кромид и лимон за раст на косата и за лекување на првутот. Сокот од лимон го намалува опаѓањето на косата.

Кромид и јогурт
Во сокот од кромид додадете една лажица јогурт. Измешајте добро и измасирајте го скалпот. Оставете да делува 45 минути, а потоа измиете ја главата со благ шампон.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>