Top
Maski-za-pobrz-rast-na-kosata-iLike-mk

Две маски на природна база кои стимулираат раст на косата

Сите состојки кои ви се потребни за здрава и сјајна коса се достапни во вашата кујна и не чинат многу.

Со овие две маски, кои се на целосно природна основа, ќе обезбедите убаво негувано влакно и брз раст на косата.

МАСКА ОД БАНАНА
Измешајте две испасирани банани, жолчка од јајце и лажица сок од лимон. Нанесете ја смесата на косата, а потоа завиткајте ја главата со пластична кеса и пешкир. Оставете ја да делува 30-40 минути, а потоа исплакнете ја.

МАСКА ОД ПОРТОКАЛ
Измешајте една чаша сок од портокал со една чаша јогурт. Добиената смеса нанесете ја на коса и завиткајте ја главата со пластична кеса и пешкир одозгора. Почекајте да делува 30-40 минути и исплакнете ја темелно со млака вода.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>