Top
maska_od_krusa

Маска од круша за свеж изглед на лицето

Експертите за убавина одамна откриле дека крушата има хранливи состојки кои помагаат кожата да изгледа здраво и убаво.

Крушите се исклучително богати со витамин А, кој ја храни кожата, го смирува црвенилото, ги ублажува ефектите од стареењето и го прави тенот нежен и сјаен. За да го подобрите изгледот на вашето лице, направете си домашна маска од круша. Потребна ви е една мала круша и две лажици лимонов сок. Крушата изблендирајте ја, но нека не биде премногу течна смесата, туку малку погуста. Помешајте со лимоновиот сок. Намачкајте ја смесата на лицето и вратот кои претходно добро и темелно ќе ги исчистите со тоник, а потоа оставете ја маската да делува петнаесетина минути. На крај, исплакнете го лицето со млака вода. Практикувајте да ја ставате ова маска еднаш неделно и за помалку од месец дена ќе забележите позитивни промени на вашето лице.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *