Top
Makeup-dieta-iLike-mk

Makeup диета 5:2 – Нов тренд за младешки изглед

За кожата да биде поздрава, посјајна и за да има младешки изглед, нов светски тренд е да ја применувате т.н. Makeup диета 5:2.

Поента на секоја диета е да се води сметка за тоа што се внесува во организмот во текот на денот, а оваа диета за кожа подразбира да се внимава на она што се става на кожата.

Makeup диета 5:2 е едноставна и се сведува на тоа да девојките два дена неделно не нанесуваат шминка на лицето, што добро би влијаело на кожата.

Дерматолозите укажуваат дека дамите кои се придржуваат кон овој режим, само за еден месец ќе имаат поздрава и посјајна кожа.

Дерматологот Нур Алмони вели:

Паузирањето во нанесувањето на шминката е мудра одлука бидејќи ќе помогне на кожата да се опорави и подмлади, а исто така се смалува и ризикот од иритација на кожата, која ја предизвикува секојдневното нанесување на шминка.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *