Top
tonik-od-magdonos

Магдонос против пеги и флеки

Пегите и флеките се појавуваат кога кожата старее и кога неправилната пигментација станува видлива. За да се справите со нив, не ви се потребни скапи козметички препарати. Можете сами да подготвите ефикасен лосион од магдонос и лимон.

Потребно ви е:
100ml сок од лимон
2 лажици листови од свеж магдонос
150ml дестилирана водa
50ml 70% алкохол

Исецкајте ги листовите од магдонос и прелијте ги со дестилираната вода и алкохол. Промешајте ја смесата, поклопете ја и оставете ја да одстои во текот на ноќта. Следниот ден смесата исцедете ја, додадете го лимоновиот сок и течноста ставете ја во стаклено шише. Шишето чувајте го на ладно и темно место. Лосионот нанесувајте го секое утро.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>