Top
stapala

Лута маска со буковец за студени стапала

Употребата на лута маска со буковец навистина делува врз студените стапала. Оваа маска ќе ја загрее кожата и ќе ја хидрира.

Потребни состојки за оваа маска се:
– 50g овесно брашно
– ½ лажичка цимет
– ½ лажичка лут буковец
– 4 лажици топла вода
– 1 лажица маслиново масло
– ½ лажичка рендан ѓумбир
– 5 капки есенцијално масло од портокал

Сите состојки измешајте ги сѐ додека не добиете смеса која наликува на паста. Потоа стоплете два топли фротирски пешкири на тој начин што ќе ги потопите во врела вода и ќе ги исцедите. Нанесете ја смесата на стапалата и замотајте ги со пешкирите. Оставете ја маската да делува околу 15 минути, а потоа тргнете ги пешкирите и измијте ги нозете со топла вода.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *