Top
suva kosa

Лоши навики кои ја сушат косата

Честите промени на температурата кои се карактеристични за пролетта, влијаат на состојбата на косата. Начинот на кој ја третираме влијае на нејзиниот квалитет и ја прави да биде посува отколку што треба да биде.

Недоволно ја пострижувате
Редовното пострижување на косата е важно, без разлика на типот и должината на косата, бидејќи на тој начин ги отстранувате расцветаните краеви. Доколку имате природно сува коса, експертите препорачуваат да ја кратите на секои 6 недели.

Употребувате шампон со сулфати
Доколку ја фарбате косата или имате прамени во бои, важно е да знаете дека сулфатите во шампонот можат да ја избледат бојата, што дополнително ја суши косата. Другите производи кои ја прават косата да биде сува се шампоните за суво миење, како и спрејови со додатоци од морска сол кои се користат за обликување на фризурата.

Не ја штитите косата од топлина
Доколку често користите фен за коса, фигаро или пегла за коса, неопходно е претходно да нанесете спреј или крема за заштита од топлина – посебно ако имате природно сува коса. Освен што ќе го заштитат влакното од штетната топлина, овие производи и дополнително го забрзуваат сушењето на косата т.е. помалку време ќе ви биде потребно за користење на стилизатор за коса.

Пречесто ја третирате со хемикалии
Доколку вашата коса е сува, а сакате да се фарбате подобро одберете опции кои бараат помалку обновување и одење на фризер. Одберете балајаж или омбре – затоа што на тој начин нема да морате секој месец да го фарбате коренот на косата, а под влијание на сонцето и до правилна нега, со тек на времето вашата коса ќе изгледа поприродно и посвежо.

Користите неквалитетни фарби
Подобро издвојте одредена сума на пари и доверете го фарбањето на професионален фризер кој користи квалитетни производи и во потполност ќе ви се посвети.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>