Top
Топла купка за детоксикација и опуштање

Топла купка за детоксикација и опуштање

Ви нудиме неколку купки со кои ќе направите целосна детоксикација на организмот, ќе се ослободите од болките и воспаленијата и ќе се рабудите полни со елан.

Купка со морска сол
Морската сол е богата со минерали кои го забрзуваат метаболизмот, длабоко ја чистат кожата и го смируваат воспалението. Кожата после тоа е позатегната и помека на допир. Доволно е во када со топла вода, да ставите две раце морска сол и да лежите околу половина час. Купката ќе ја намали болката и ќе ја зголеми циркулацијата.

Купка со етерични масла
Етеричните масла ја потхрануваат кожата, ги релаксираат мускулите, го намалуваат стресот и главоболките. Во зависност од видот, маслото може да има смирувачко или освежително дејство. Лаванда и камилица делуваат смирувачки, додека еукалиптус и цитрусните ноти делуваат освежувачки. Во купката се препорачува да ставите 10 до 20 капки масло по ваш избор.

Купка со ѓумбир
Ѓумбирот, исто така, може да се користи во бањите. Тој силно го поттикнува потењето и го забрзува отстранувањето на токсини од телото. Се препорачува при настинки и висока температура. Може да се изренда свеж во бањата. Ако се користи свеж доволно е да ставите 1/4 филџан и да уживате во бањата 15 до 20 минути.

Купка со сода бикарбона
Содата ги чисти токсините од телото и помага во ослободување на стресот, ја чисти кожата и делува како пилинг. Најдобро е да се комбинира со сол во сооднос 2:1. Во купката ставите две чаши сода бикарбона и една чаша сол и уживајте половина час.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>