Top
nega-na-kozha

Козметички третман со вода

Секоја жена посакува блескава, здрава, негувана кожа на лицето. Прв чекор е совршено чиста кожа, а ниту еден тоник или лосион нема во потполност да го отстрани сѐ она што на нашето лице се задржува од шминка и од многу надворешни влијанија. Еден домашен третман кој ги решава работите и не чини ни денар.

Станува збор за прастара метода која ја користеле нашите мајки и баби, односно парење на лицето. Интересно е дека овој козметички третман се користел уште во времето на старите Римјани, а до денес не изгубил на значењето и квалитетот, иако е подзаборавен. Парењето на лицето има многу позитивни страни – ги отвора порите, ги релаксира мускулите, ја смирува кожата, ги отстранува мртвите ќелии, ја подобрува циркулацијата, помага во борбата против акните и воопшто проблематичниот тен.

Тука се поставува прашањето колку често треба да се пари лицето?

Нормална кожа – еднаш неделно
Мрсна кожа – два пати неделно
Сува кожа – секоја втора недела
Чувствителна кожа – еднаш месечно

Пред постапката, симнете ја шминката и добро измијте го лицето. Провриената жешка вода ставете ја во сад и лицето ставете го врз него. Внимавајте да не биде многу блиску, за врелата пареа да не ве изгори. Преку главата, ставете пешкир и во таа положба останете неколку минути. Потоа, измијте се со ладна вода и на лицето нанесете хидрирана крема за нега. Доколку сакате, во водата над која го парите лицето можете да додадете сушени растенија и есенцијални масла по желба. Камилицата е најдобар избор. За мека, чиста и негувана кожа – парењето на лицето е најдобар избор, но и најефтин.

Бидете внимателни ако имате изразени капилари или ви е кожата склона на црвенило. Во тој случај парењето не се препорачува.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>