Top
maska

Како да се ослободите од несаканите брчки?

Причина за појава на брчките не е само возраста, туку и начинот на живот и типот на кожа.

За да ја хидрирате чувствителната кожа околу очите, за да ја освежите и да ги отстраните знаците на замор кои се отсликуваат на вашето лице и да ги отстраните брчките треба да го направите следново: земете свежа жолчка од јајце и со врвовите од прстите со благо тапкање нанесете го пределот околу очите и оставете го да отстои 15-20 минути. После тоа внимателно измијте се со ладна вода. После неколку дена со континуирано користење на оваа маска пријатно ќе се изненадите од резултатот.

Доколку брчките се подлабоки, во изматена жолчка додадете лажичка маслиново или бадемово масло. Исто така можете да додадете и капсула витамин Е. Во овој случај маската се мие со топла вода или млака вода.

Белката од јајцето можете да ја искористите да направите маска за лице, која ги отстранува акните, црвенилото и митесерите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *