Top
usni

Како да направите пилинг на усните?

Кога станува збор за нега на кожа, најчесто забораваме на усните. Исто како и лицето, и тие се покриени со мртви клетки кои ги прават суви и безживотни. Направете пилинг за усни, нанесувајте го двапати неделно и резултатот, со сигурност ќе ве воодушеви.

Подготовка:
Измешајте 1 лажица кафеав шеќер со 1 лажичка мед или кокосово масло. Смесата ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Нанесете ја на усните и нежно тријте ги од 2-5 минути. На тој начин ќе овозможите усните да ги апсорбираат маслото и медот, а потоа нежно исплакнете. Потоа ставете мелем за усни. Шеќерот ќе ја “израмни” кожата, а медот или маслото ќе ја нахранат. Во пастата за пилинг, исто така можете да додадете екстракт од ванила или некое есенцијално масло по ваша желба. Наместо шеќер, можете да ставите мелено кафе. Ја има истата улога, односно го отстранува површинскиот слој од усните. Покрај тоа, мешавината на мелено кафе и кокосово масло ги чисти и ги отстранува темните дамки од кожата.

Кога станува збор за кожата, ништо не е поважно за неа од водата. Затоа, постојано треба да ги внесувате потребните дневни количини на вода за да бидете хидрирани и вие и вашата кожа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>