Top
IMG_15012019_132904_(625_x_450_pixel)

Како да ја спречите појавата на кутикули?

Рацете и лицето, се најизложените делови од телото на надворешни влијанија, па затоа е многу важно да им се посвети доволно внимание и грижа. Сигурно ви се појавиле кутикули, што претставува воспалителен процес на коренот на ноктите кој предизвикува оток, црвенило и крварење, а се појавува кога ноктот расте многу побрзо од кожичките околу него. Ова води кон истегнување и напукнување на кожата и создавање на болни рани кои треба внимателно да се третираат за да не се инфицираат и да предизвикаат уште поголемо воспаление. Со цел да се избегне појавата на овој непријатен проблем, пробајте да се придржите кон следниве совети.

Избегнувајте миење на раце со топла вода и силен сапун
Честото миење на раце е пожелно, но не треба да е секогаш со топла вода. Високата температура на водата доведува до сушење на кожата, односно до пукање на кожата околу ноктите и создавање на кутикули. Кога ги миете рацете, водата нека биде млака и не употребувајте силни сапуни, туку користете ги само оние кои се pH неутрални.

Употреба на соодветни препарати
За да се спречи формирањето на кутикулите, кожата околу ноктите треба секојдневно да се премачкува со хранлива крема и по потреба со хранливи масла. Ова ќе придонесе кожата да биде доволно хидрирана во тој предел. Дерматолозите препорачуваат употреба на кокосово масло, како и витамин Е кој ќе ја подобри еластичноста на кожата.

Потиснување на кожичката
За да ги направите вашите нокти да изгледаат поубаво, не треба да ја сечете кожичката, туку лесно да ја потиснете и избуткате со соодветна “алатка”. Покрај тоа, задолжително избегнувајте да ги сечете веќе формираните кутикули бидејќи ова може да доведе до појава на инфекции и иритација и со тоа да се отвори простор за различни бактерии.

Агресивен маникир
Честото одење на маникир неретко завршува со проблеми како воспаление на кутикулите поради агресивниот пристап кон кожата околу ноктите. За да го избегнете ова, пред почетокот на третманот напоменете и на козметичарката нежно да ја истурка кожата и внимателно да пристапи кон негата на вашите нокти.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>