Top

Како да ја испеглате косата без пегла?

Доколку косата постојано ви се превиткува, а не сакате да ја оштетувате со разни пегли и преси за коса, пробајте некое од следниве природни решенија.

Маска од мед и млеко
Измешајте чаша млеко со една лажица мед. За оваа маска најдобро е да се користи полномасно кравјо млеко, но и кокосовото млеко исто така ќе ви помогне. Пробајте и со двете, па ќе видите кое млеко повеќе има влијание врз Вашата коса. Нанесете ја оваа маска пред да ја измиете косата по целата должина. Оставете ја да делува околу еден час. Потоа измијте ја косата со шампон.

Јајце
Оваа намирница ја храни и ги поправа оштетувањата на косата како вистинска професионална нега. Јајцата ѝ даваат на косата сјајна структура.

Скршете две јајца. Додадете 3-4 лажици маслиново масло и половина чаша брашно од ориз. Добиената паста нанесете ја на целата коса. Оставете 45-50 минути додека не се зацврсти на косата. Измијте ја косата со благ природен шампон без сулфат. На крајот ставете регенратор.

Банана
Ако сакате да имате права коса, направете свежа паста од банана. Оваа паста ѝ даде на вашата коса мека, лесна текстура за обликување. Откако ќе направите фризура, вашата коса убаво ќе заблеска и ќе се ослободите од заплетканите врвови.

Испасирајте една зрела банана, изматете ја добро со вилушка, сè додека не се претвори во мека паста. Потоа додадете една лажица јогурт, лажица мед и сок од половина лимон во бананата. Нанесете од пастата со прсти на целата коса, расчешлајте и оставете да отстои 1 час. Маска за зацврстување на косата се нанесува на чиста коса. По еден час, исплакнете со млака вода.

Сок од лимон
Друго ефикасно решение за постигнување на ефектот на права коса на природен начин е паста со помош на сок од лимон. Истурете сок од лимон во сад и постепено додавајте густин. Добро измешајте, така што да нема грутки. Ставете кокосово млеко измешано со маслиново масло во огноотпорен сад. Додајте ја мешавината од лимон и густин. Ставете го на шпоретот и загревајте на средна температура, мешајќи, додека не се добие кремаста маса. Нанесете на неизмиена коса. Покријте со капа за туширање. Завиткајте ја главата во топол пешкир и оставете ја да отстои 1-2 часа. Потоа измијте ја косата со шампон и нанесете балсам.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>