Top
529cab99f20a0e6ba24cd9814810a984_iLike_mk

Како да ги смирите изгорениците од сонце?

Иако на секој чекор нè предупредуваат да ставаме крема за заштита од сонце, сепак се случува понекогаш да изгориме. Ако ги применувате овие пет совети, побрзо ќе ги смирите изгорениците и ќе имате убав тен побрзо отколку можете да замислите.

Лосион за тело
На цело тело, а особено на црвените делови, нанесете го својот омилен лосион за нега на тело. Уште подобро е доколку тој во својот состав има алое вера. Таа ќе ја смири вашата кожа и ќе го спречи нејзиното лупење.

Пијте течности
Кога ќе изгорите, вашата кожа е сува и дехидрирана и поради тоа морате да ги дополните нејзините резервоари. За да направите хидратација на целиот организам, пијте многу течности, а најдобро е тоа да биде природна вода.

Избањајте се
Ако на вашата купка додадете некои нови состојки, вашата кожа ќе ви биде особено благодарна. Додадете оцет од јаболко за да pH вредноста на вашата кожа ја вратите во нормала, сода бикарбона за сузбивање на иритацијата и црвенилото и есенцијалните масла да ја намалат болката.

Кесички од чај
Кесичките од сварениот чај ставете го на изгорениците или на сува крпа. Црниот чај ја извлекува топлината од изгорениците и ја враќа pH вредноста на кожата во рамнотежа. Исто така, чајот од нане дополнително ќе ве разлади.

Краставици
Знаете веќе дека се добри за подочници, но можеби не сте знаеле дека го намалува црвенилото од изгорениците. Во блендер измиксирајте неколку краставици и направете паста. Пастата нанесете ја на кожата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>