Top
pudra-za-lice-iLike-mk

Изберете ја идеалната нијанса на пудра за лице за само 2 секунди

Изборот на течна пудра за лице која совршено ќе одговара на вашиот тен може да биде навистина тешка задача. Освен текстурата која треба да одговара на вашиот тип кожа, многу е важно да ја погодите и вистинската нијанса.

Избегнувајте го популарниот начин на пробување со ставање на капка пудра на вашата рака. Бидејќи кожата на рацете е секогаш потемна од онаа на лицето, а воедно и погруба.

Доколку се наоѓате во парфимерија и сте во потрага по идеалната нијанса, направете краток тест од само 2 секунди и ќе ја најдете вистинската која совршено ќе се вклопи со вашиот тен. На челото нанесете мала сосем количина пудра и на силно светло проверете дали бојата на пудрата одговара со бојата на вашиот тен.

Таа мора да биде иста или само за нијанса посветла од природната боја на кожата.

Едноставно, зарем не?




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>