Top
vegi

Истакнати веѓи за впечатливи очи

Само мал број на жени имаат густи и впечатливи веѓи, кои пак го нагласуваат лицето и ги истакнуваат очите. Ефектот на густи веѓи можете да го постигнете на следниве два начини.

МОЛИВ ЗА ВЕЃИ
Наједноставниот начин за зголемување на волуменот на веѓите е цртањето со моливче. За да биде потрајно, моливчето за веѓи треба да биде суво и тврдо. Мрсните моливи, како оние за очи, многу брзо ќе се размачкаат. Исцртајте ги веѓите во насока на природниор раст на влакната. Потоа со апликатор нежно поминете врз нив.

СЕНКА
Сенката за веѓи е уште едно добро решение за нагласување на веѓите. Треба да знаете дека има разлика помеѓу сенката за очи и сенката за веѓи. Пигментот за веѓи содржи сивкасти, мат тонови кои во целост ќе се вклопат со бојата на вашите веѓи и ќе изгледаат природно. Со тенка четкичка нанесете малку сенка во правец на растењето на влакната, пополнувајќи ги празнините помеѓу влакната.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>