Top
karmin

Идеална боја на кармин според бојата на коса

Карминот e наједноставната шминка која моментално го менува изгледот на лицето. Ако имате изненаден состанок за кој немате доволно време да се нашминкате, нанесете само кармин. Според многу вижазисти, бојата на карминот треба да ја изберете согласно бојата на коса.

Ако имате платинеста руса коса изберете шминка во природни нијанси, а на усните да нанесете јак црвен кармин. Светла боја коса и јак црвен кармин се совршен контраст кој дава неодолив изглед.

За девојки со темно руса коса најдобар избор е карминот во розова боја. Силна розова боја не е препорачлива за сите русокоси. Најдобро им стои на оние жени кои имаат природно руса нијанса на коса.

Девојките кои имаат светло кафеава коса можат да ги користат речиси сите нијанси на кармини. Црвена или розова нијанса, нијанси на сина, зелена, портокалова и боја на црвено вино.

Ако имате темна боја на коса, избегнувајте ги светлите нијанси. Вам најмногу ви одговараат мат кармини во крем нијанси. За навечер изберете кармин во боја на црвено вино.

Со црна боја на коса одговара потемна шминка и кармини во потемни нијанси. Светлата шминка ќе ве прави сосем бледи. Можете да користите кармин во боја на црвено вино, виолетови или темно црвени нијанси.

Црвената боја на коса се одлично се комбинира со кармини во кафеава боја и боја на лешник. Избегнувај црвени и розови нијанси на кармин.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>