Top
rast_na_kosa

Храна која поттикнува побрз раст на косата

Сигурно многу пати ви се случило да ја потстрижете косата, а потоа да ви биде криво. Но, затоа постојат намирници кои значително го забрзуаат нејзиниот раст.

Лосос
Лососот во себе содржи незаситени Омега 3 масти кои го зајакнуваат влакното и помагаат во побрз раст. Во овој вид на риба има изобилство на витамин Б12 и железо кои уште подобро влијаат врз косата, правејќи ја уште поквалитетна

Школки
Школките се златен рудник на цинк, кој и дава на косата природен сјај. Тие не се баш омилена храна за многумина, но добро е да се консумираат повремено.

Пилешко месо
Содржи многу протеини и директно влијае на производството на кератин, супстанца која учествува со 80% во составот на влакното. Освен пилешко, добро е да се консумира и мисиркино месо.

Јајца
Тие ги содржат сите потребни елементи кои и одговараат на косата, помеѓу кои и биотин. Тоа е додаток на храната кој го регулира опаѓањето на косата, Во јајцата има многу амино-киселини кои му се потребни на влакното.

Бадеми
Содржат витамин Е и активно влијаат на растот и јакнењето на влакната. Според советите на докторите, на дневно ниво треба да се внесуваат во организмот 30g бадеми.

Семки од тиква
Овие семки содржат витамин Б1, Б2, Б3 и Б4. Влијаат на растот на влакното и особено се препорачуваат ако имате проблем со опаѓање на косата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>