Top
maska_za_lice

Како да направите хидратантна маска за лице

Непосредно по изложување на кожата на сончеви зраци и море, таа изгледа мека и сјајна. Но, длабински таа е сува и почнува да се лупи. За да го вратите нејзиниот сјај, потребна е хидратантна маска која содржи природни состојки и може да ја подготвите многу едноставно.

Потребни состојки:
1 шолја јогурт
1 лажица мелен овес
1 лажица мед
½ шолја пасирани боровинки или малини

Сите состојки ставете ги во сад и убаво измешајте ги. Добиената смеса нанесете ја на лице и оставете ја да дејствува 10-15 минути. Потоа, лицето измијте го со млака вода.

Благодарение на млечната киселина јогуртот ја мазни кожата, овесот има анти-воспалително дејство, медот ја храни и подмладува, а зрнестото овошје е моќен антиоксиданс кој ја ослободува од токсини и ја прави кожата сјајна.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>