Top
maskara

Грешки при нанесување маскара

Понекогаш е доволно само малку пудра и маскара за да добие свежина вашиот изглед.

Со цел да избегнете можните грешки при нанесувањето на маскара, применете ги следните совети.

Премногу долго ја користите истата маскара
Секој make-up производ има одреден рок на траење, па така и маскарата. Препорачаниот рок за употреба на една маскара е три месеци, а покрај тоа што се суши за време на овој период, важно е да ја замените со нова поради наталожените бактерии кои можат да предизвикаат воспаление или инфекција на очите.

Ја нанесувате маскарата прво на горните трепки
За да ги избегнете дамките на очниот капак, најдобро би било прво да нанесете маскара на долните, а потоа на горните трепки.

Од кремата за нега околу очите нанесувате на очниот капак и на трепките
Кремата наменета за нега во областа околу очите не ја нанесувајте на очните капаци и трепките. Мрсните трепки и очните капаци ќе резултираат со дамки на очниот капак и ронење на парчиња од маскарата.

Не ја отстранувате маскарата доволно темелно
Најдобро би било маскарата да ја отстранувате со масло за отстранување на шминка, за темелно да ги исчистите вашите трепки, така што новиот слој нема да го нанесете врз вчерашните остатоци.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *