Top
nega

Ефикасни трикови за ослободување од подочниците

Подочниците се појавуваат како резултат на умор, задржување на течности во телото, стрес, а кај некои луѓе станува збор за генетика. Постојат неколку брзи и пред сѐ ефтини трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив и да изгледате подобро.

  • Изладете компир во фрижидер, исечете го на парчиња, измијте го добро и ставете преку затворени очи. Држете го 10-15 минути, а потоа измијте се и исчистете го лицето со тоник
  • Стариот добар трик со краставицата е навистина делотворен. Пресечете 2 парчиња и одморете десетина минути со краставици на очите, а потоа измијте го лицето.
  • Ставете 2 супени лажици во замрзнувач на пет минути, а потоа нежно ставете ги на очите на неколку минути.
  • Употребените ќесички од чај од камилица или зелен чај, зачувајте ги и изладете ги во фрижидер. Наутро ставете на вреќичките капки и ставете ги на очите за да ја изработат својата работа. После 10 минути измијте го подрачјето и исчистете го лицето.

После овие постапки, нанесете хранлив крем за подрачјето околу очите за третманот да биде целосен.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>