Top

Едноставно до блескава насмевка

Консумирањето храна и пијалоци во текот на денот остава траги на нашите заби, што предизвикува тие да ја изгубат нивната природна белина. Овие пет едноставни совети ќе ви помогнат да ги задржите вашите заби бели и здрави.

Користете сламки
Ако често пиете темни и слатки пијалоци, дамки на забите ќе се појават пред да очекувате. Затоа пијте преку сламка и на тој начин ќе избегнете дамки и формирање на забен камен.

Внимателно избирајте четка за заби
Одлучете се за помали и помеки четки кои ќе стигнат до секоја страна на секој заб. Секогаш користете паста за заби и течност за плакнење на усна празнина.

Консумирајте храна која е природен чистач на забите
Во секојдневната исхрана вклучете целер, јаболко и морков. Во прилог на останатата здрава храна за вашето тело, тие дејствуваат и како природно помагало за бели заби.

После пиење темни пијалаци, измијте ги забите или изедете јаболко
Секогаш кога имате можност, после пиење кафе, чај или потемни сокови, мијте ги забите, или ако не сте во состојба, исплакнете ја устата со вода и изедете јаболко.

Консумирајте храна која ги полира забите
Јагодите, ананасот и портокалите ќе ги исполираат вашите заби.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *