Top
Trik-za-seda-kosa-iLike-mk

Едноставен трик за ослободување од седите влакна

За овој едноставен трик, со кој ќе се ослободите од белите влакна, ќе ви бидат потребни лушпа од компир, малку вода и четкичка за нанесување.

Лушпата од компирот може да ги отстрани седите влакна на вашата коса. Ова го тврди доктор Ентони Јун во емисијата „Рејчел Реј“. Имено, тој за да го демонстрира својот пронајдок повика модел со поседа коса и ја покажа целата постапка.

Подготовка и аплицирање на косата:
Шолја лушпи од компир и две шолји вода ставете ги во тенџерче, па загрејте ги до вриење. Кога ќе зовријат намалете ја температурата и оставете да крчкаат околу 5 минути. Тргнете ги од оган и оладете ги, па процедете ги.

Би требало да добиете течност со кафеава боја. Со течноста намачкајте ги седите прамени со помош на четка, како што е претставено во видеото.

Но, пред нанесување на течноста од компир, косата измијте ја на вообичаен начин, со шампон и исушете ја. Доктор Ентони советува да направите поголема количина од оваа течност и да ја чувате во празно измиено шише од шампон, а потоа да ја користите по секое миење.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>