Top
nega-na-problematicna-kozha

Домашни маски за проблематична кожа

Ако имате проблематична кожа на лицето, склона кон акни, митисери и црвенило, сигурно знаете дека бара малку поинаква и поспецифична нега. Затоа, секогаш треба да најдете време и начин да го негувате ваквиот тип на кожа, посебно со природни препарати.

Пробајте ги овие домашни маски кои проблемите со црвенилото и акните ќе ги решат за брзо време доколку ги практикувате редовно.

• Помешајте коцка свеж квасец со малко млеко. Добиената смеса нанесете ја на лицето и почекајте да се стврдне, a потоа исплакнете го лицето со млака вода. Оваа маска е особено погодна доколку имате проблем со затнати пори кои предизвикуваат црнки и акни.
• Помешајте сок од еден домат и две супени лажици јогурт. Оваа маска нанесете ја на лицето и оставете ја да делува петнаесетина минути, па потоа исплакнете.
• Две лажици сол помешајте ги со лажица мед. Хомогената смеса оставете ја на лицето да отстои околу дваесет минути. Отстранете ја маската со помош на газа која ќе ја натопите во топло млеко, па исплакнете со студена вода.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *