Top
cista_kozha

Домашни маски за чиста кожа

Никогаш не треба да жалите за времето кое го трошите за нега на своето лице или тело. Во продолжение прочитајте неколку рецепти за убава кожа кои ќе ја подобрат кожата за многу краток период.

• Исечете јаболки на тенки парчиња, ставете ги на лицето и оставете ги 15 минути.  Јаболкото ќе ги апсорбира вишокот маснотии од вашето лице и ќе ги затвори порите. После тоа, не мијте го лицето директно со вода, туку користете парче памучна ткаенина натопена во вода, а потоа исушете го лицето со меки бришења (нежно тапкање).

• Направете мешавина од шеќер и јогурт со ист сооднос и нанесете ја на лицето, масирајте ја со кружни движења. По пет минути измијте го лицето со топла вода.

• Направете паста од две супени лажици полномасна кисела павлака, 1/2 лажица пченично брашно и неколку капки сок од лимон. Ставајте од оваа паста на вашето лице редовно пред спиење и веднаш по будењето. Потоа измијте со млака вода.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *