Top
Vine-Vera-Honey-Skin-Care-iLike-mk

Домашна крема од мед против брчки

Секогаш кога станува збор за нега на кожата, немате потреба да „фрлате“ пари на скапи препарати. Прво пробајте со природни состојки и со нешто што ќе го подготвите сами. Оваа ефикасна крема против брчки се подготвува според рецепт стар 2000 години.

Потребно: 1 лажица органски мед, 8 лажици рендан пчелин восок, 200ml. бадемово масло.

Подготовка: На тивок оган стопете ги медот, восокот и бадемовото масло. Кога добро ќе се растопи, тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се олади, а потоа ставете го во стаклени тегли. Нив ќе ги затворите дури откако препаратот сосема ќе се илади. Оваа крема можете да ја користите за отстранување на шминка или како крема против брчки.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *