Top
Beautiful woman applying hair conditioner

Домашен шампон за мрсна коса

Мрсната коса е честа појава, а нејзиното одржување навистина претставува голем проблем. Достапни ни се голем број препарати за масна коса, но не сите делуваат кај секого што има ваков проблем. Со помош на овој шампон вашата коса помалку ќе се масти и ќе изгледа здрава и негувана.

Рецепт: Измешајте сода бикарбона со вода во размер 1:3, значи на една количина сода со три количини вода.

На пример, за коса со должина до рамена доволни се две до три кафени лажички сода. Смесата нанесете ја на сува или мокра коса, од коренот кон врвовите и оставете ја да делува една до две минти, па исплакнете ја со вода. Веднаш потоа исплакнете ја косата со смеса од оцет (алкохолен или вински) и вода во размер 1:4. За да се намали силниот мирис на оцетот во смесата додадете етерично масло со мирис по желба и исплакнете ја со вода.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *