Top
Dr. Hauschka Skin Care; Dr. Hauschka Kosmetik

До меки стапала со една намирница

Во борбата против испуканите и рапави стапала одличен сојузник е една намирница која ја имате дома, а тоа е лимонот. Всушност, ова овошје е единственото нешто кое ви е потребно за негувани стапала!

Земете еден поголем лимон, кој нема да биде многу мек и пресечете го на половина. Исцедете ја течноста. Ставете ги половинките на петиците и облечете чорапи кои ќе го прицврстат лимонот на вашата пета. Држете ги половинките лимон околу половина час. Седете мирно триесет минути и не движете се. Киселината од лимонот ќе ги омекне вашите стапала. По половина час извадете ги чорапите и лимоните и завршете го третманот така што ќе намачкате хидратантно масло како на пример, кокосово или бадемово.

Ќе се воодушевите од резултатот!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *