Top
Chaj-od-kopriva-iLike-mk

Чај од коприва против акни

Кога мртвите клетки од кожата ги затворат порите, кога постои вишок на себум, кожата е многу мрсна или кога бактериите предизвикаат воспаление, настануваат акни, митесери, гнојници и цисти.

Во нивното лекување се употребуваат разни креми, гелови, лосиони, па дури и и антибиотски терапии. Стар лек за лекување на акни е чајот од коприва, а тоа го потврдуваат повеќе истражувања.

Копривата има анти инфламаторни и антибактериски својства, антиоксидативна активност, ги собира и неутрализира деструктивните радикали. Состојката scopoletin која ја има во копривата има антинфламаторно дејство. Екстрактот од коприва има и антимикробна активност против грам позитивните и грам негативните бактерии, вклучувајќи ги најчестите патогени: S. aureus i E. Coli. Чајот од коприва го инхибира растот на бактериите и запалението, и има позитивни ефекти на кожата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *