Top

Беспрекорна шминка за само 5 минути

На секоја девојка или жена ѝ се случило да има важен состанок на кој треба да изгледа фантастично и самоуверено, но да само малку време на располагање за подготовка. Што се однесува до мејкапот, еве пет клучни совети кои ќе ви помогнат да изгледате одлично за само пет минути.

1. ПУДРА
Доколку имате проблематична кожата, задолжително нанесете течна пудра. Во спротивно, доволни се хидрантна крема и малку коректор со цел да го изедначите тенот.

2. РУМЕНИЛО
Најдобро е да се одлучите за нијанси на розево. На тој начин ќе изгледате свежо. На образите под руменилото засенчајте со бронзена нијанса.

3. ЦРН МОЛИВ
Со црно моливче повлечете линија по должината на очниот капак, нежно исенчајте ја и нанесете сенка за очи во саканата боја.

4. МАСКАРА
За погламурозен изглед и впечатливи очи нанесете маскара во два слоја. Нанесете го првиот слој, почекајте половина минута да се исуши, па повторете ја постапката по втор пат.

5. СЈАЈ
Доколку немате доволно време да ги исцртате усните со молив и да нанесете кармин, ставете само проѕирен сјај за усни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>