Top
arganovo-maslo-kosa

Арганово масло за прекрасна коса

Aргановото масло стана многу популарно во западните земји, а причината за тоа е бидејќи откриена е неговата исклучителност и скапоценост.

Интересен факт е дека аргановото стебло е прогласено за светско наследство на УНЕСКО, што дополнително ја потврдува неговата вредност. Витаминот Е е најважната состојка бидејќи од него потекнуваат антиоксидантните својства на маслото, кои се од суштинско значење за нега на кожата и за исхраната. Освен тоа, содржи и каротин, кој е од суштинско значење за заштитата од сончевите зраци, така што маслото од арган исто така игра важна улога во препаратите за сончање.

За обликување на косата
Ако треба брзо да ја обликувате косата, маслото од арган е одлично решение. Содржи бројни лековити состојки, затоа е одлично и за заштита на косата од топлина. Ставете неколку капки масло на дланките и протријте со прстите низ сувата коса. Овој третман правете го пред секое фенирање, а вашата коса ќе биде исклучително хидрирана.

Маска за коса
Доколку сакате најдобар и најефикасен ефект, најдобриот избор е да го користите маслото како маска. Пред секој голем настан ненесете ја оваа маска и наутро ќе се разбудите со совршено сјајна и мазна коса. Препорачуваме да ја нанесувате низ целата коса (колку повеќе нанесете, толку е подобар ефектот), потоа врзете ја косата во пунџа и ставете крпа на перницата. Вашата коса ќе изгледа прекрасно.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *