Top
Sol-iLike-mk

5 начини како да ја искористите солта за прекрасна кожа, коса, нокти и заби

Оваа едноставна компонента која секојдневно ја користиме, на еден поинаков начин може да нѝ помогне и за нега на нашето тело.

1. Балансирачка маска за лице – солта во комбинација со медот може да има анти-инфламаторно дејство на кожата, која ги смирува иритациите кои настануваат на кожата од различни влијанија.

Пробајте: измешајте 2 лажички сол со 4 лажички мед (мешајте додека смесата не се соедини). Нанесете ја маската на лицето, избегнувајќи го делот околу очите и оставете да дејствува околу 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

2. Омекнувачки пилинг за тело – солта е природен и нежен ексфолијант кој помага во отстранувањето на мртвите клетки, а минералите кои се содржани во неа ќе се погрижат за омекнување и хидрација на кожата.

Пробајте: измешајте 1/4 шолја сол со 1/2 шолја маслиново масло. Користете го како пилинг со нежни, кружни движења за време на туширањето.

3. Третман против првут – солта ќе ви помогне да го отстраните првутот, а истовремено ќе го апсорбира вишокот на маснотии.

Пробајте: разделете ја косата на неколку делови, навлажнете ги врвовите на прстите со вода или есенцијално масло од ментол и земете количина сол со која ќе го масирате скалпот неколку минути (оваа постапка исто така делува и релаксирачки). На крај измијте ја косата со шампон за секојдневна употреба.

4. Избелувачка паста за заби – солта во комбинација со сода бикарбоната има абразивни својства кои помагаат во избелувањето на забите. Користете ги заедно со пастата за заби еднаш месечно.

5. Третман за нокти – солта ќе ги омекне кутикулите и ќе ги зајакне вашите нокти. Во комбинација со сок од лимон и сода бикарбона исто така ќе помогне во избелување на ноктите.

Пробајте: измешајте една лажичка сол со лажичка сода бикарбона, додадете неколку капки свежо исцеден сок од лимон и 1/2 шолја топла вода. Потопете ги вашите прсти во растворот и оставете да дејствува неколку минути (за поинтензивен ефект нежно тријте со четкичка).

Има нешто посебно во солта штом ја има и во солзите и морето, зарем не?!

Автор: Марија Мирч




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>