Top
zosto_da_ne_se_karate_koga_ste_luti

Зошто не треба да се карате кога сте лути?

Многу често се случлува да изгубиме контрола врз нашите емоции за време на некоја караница и не можеме да се воздржиме и да возвратиме на кажаните зборови без употреба на погрдни зборови. Никогаш не треба да почнеме расправија кога сме лути.

Мислите дека сите се против вас
Кога е некој лут, човекот многу често може да изгуби контрола не само врз нивните емоции, туку и врз нивните верувања. Психолозите велат дека ако сме во лошо расположение, ние ги сметаме сите кажани зборови и гестови од противникот за навреди. Доколку дојде до дисбаланс на емоциите може да дојде не само до бесполезна расправија, туку и до ставање крај на некои врски.

Несвесно ширите негативна енергија
Многу спроведени истражувања потврдуваат дека доколку сте лути, и другите околу вас почнуваат да стануваат лути, односно ја ширите негативната енергија. Овој факт само го потврдува горенаведеното дека ниеден конфликт не може да се реши доколку сте лути.

Нема да го сослушате вашиот противник
Лутината ве прави да бидете ирационални. Научно е докажано дека човек размислува подобро кога е смирен. Во таква ситуација, вие нема да бидете ни блиску до способни да го ислушате противникот и да увидите дали вината р во вас или сепак до другата личност. Запомнете, не сте секогаш во право!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *