Top
devojki_prijateli

Знаци кои покажуваат дека сте добар пријател

Доколку ги поседувате овие карактеристики, вие сте добар пријател за кој вреди да се мине светот.

Секој е во потрага по вашиот совет кога ќе се соочи со проблем
Вие внимателно ги слушате луѓето и сте објективни, па вашето мислење е важен фактор во донесување на одлуки.

Вие сте личност за доверба
Можете да чувате тајна, а тоа е важен квалитет. Затоа луѓето ви веруваат и се подготвени да ви ги раскажат и најинтимните тајни.

Не осудувате
Вие сте свесни дека секој има свој живот, што не може да биде во согласност со вашите ставови. Живеете по свои стандарди и правила и истото го очекувате и од другите.

Искреноста ви е на прво место
Никогаш не лажете, дури и ако знаете дека вистината може да му наштети на соговорникот. Вистината секогаш помалку боли од лагата, и токму поради тој став ве ценат и сакаат вашите пријатели.

Одржување на пријателството
Животот со себе носи многу обврски и грижи поради кои понекогаш не можеме да најдеме доволно време за дружење. Во пријателството, можете да го примените правилото за квалитет, а не квантитет. Во моментот кога не ќе можете да излезете на неколку часа на кафе, вие знаете да се јавите на вашиот пријател само за да прашате како е. Се грижите за важните работи во нивниот живот, и следите се што се случува. Затоа вашите пријатели се чувствуваат сакани и ви враќаат со иста доза внимание и љубов.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *