Top
Zhenski_signali_iLike_mk

Женски сигнали кои мажите многу тешко ги разбираат

Веќе знаете дека машкиот и женскиот мозок функционираат сосема различно. Честопати жените им даваат знаци на мажите кои тие без проблем би требало да ги протолкуваат. Но, тоа баш и не е така.

Жената го гледа кратко мажот, а потоа го трга погледот

Таа мисли: Срамежливо му покажувам дека ми се допаѓа.
Тој мисли: Имам нешто на лицето или се обидува да сфати кое пиво ми е ова што го пијам?

Мажите ваквото однесување повеќе го доживуваат како навреда, а не како заводливо кокетирање. Поради погрешното читање на сигналите често ја пропуштаат шансата да се запознаат со жени кои им се допаѓаат. Не мора да му намигнете, но чифт искрени насмевки веројатно подобро ќе го разбудат неговиот инстинкт за лов.

Жената користи двосмислени пораки

Таа мисли: Суптилно кокетирам со него и му праќам порака дека го посакувам.
Тој мисли: Користи многу чудни зборови.

Мажите воопшто не ги забележуваат женските алузии, затоа што вокабуларот им е целосно поинаков од тој што го користат жените. Тие ги бараат очигледните сигнали. Разговорот со двосмислени зборови нема да му помогне во откривањето на женските намери, освен ако однесувањето на жената не е премногу експлицитно. Сепак, не му забележувајте за тоа: на некој начин тоа покажува дека има почит кон женскиот пол, дека е склон кон склопување искрени другарства и не е „мачо“ собирач на трофеи, кој што ќе исчезне следното утро.

Жената се прозева и глуми дека е уморна

Таа мисли: Му давам до знаење дека ми е досадно и дека сакам да си заминам од забавата, без да ги навредам луѓето околу мене.
Тој мисли: Сака да си оди дома, а јас ќе останам уште малку да се забавувам.

Мажите секогаш бараат практични решенија. Кога жената ќе им каже дека е уморна, тие така и ќе го сфатат тоа, но нема да направат ништо ако на нив им се допаѓа атмосферата. На забава или во кафеана, нема ништо послатко од трет или четврт пијалок, бидејќи тогаш се опуштаат и развеселуваат. Единствен начин да разбере дека ви е досадно е само ако директно му кажете. Во спротивно, бидете помирени со можноста дека навистина ќе треба да си легнете… сами.

Жената се обидува на безболен начин да ја прекине врската

Таа мисли: Бев пристојна, а сепак му покажав дека меѓу нас е готово.
Тој мисли: Уште сум ѝ важен.

Раскинувањето се чини дека мора да биде болно. Јасно треба да ги кажете своите намери и да не оставате лажна надеж. Конструкциите од видот на “привремена пауза“ и „време да размислам“ ќе бидат погрешно сфатени и мажот ќе мисли дека сѐ уште има шанси. Подобро болно кажете му ја вистината, отколку да го оставите со лажна надеж. Особено ако веќе не мислите да бидете во врска со него! Се друго остава простор за пролонгирање на драмата и постојано враќање и одење до недоглед.

Жената суптилно го допира

Таа мисли: Кокетирам со него и ја користам секоја прилика да го допрам, му ја чистам маицата, му ги допирам рамената кога ќе каже нешто смешно.
Тој мисли: Тој всушност не мисли ништо посебно.

Првите суптилни допири тој нема ни да ги забележи. Подоцна ќе сфати дека се работи за кокетирање. Првите знаци мажите сигурно нема да ги забележат, затоа треба да им дадете време и да бидете истрајни во намерата. Најчесто мажите забележуваат работи кои почнале да им недостигаат, бидејќи нивното его се храни со женското расположение, па ако сакате да забележи нешто, доволно е да „заборавите“ нешто на што веќе е навикнат од вас, за веднаш да ве изгледа од глава до петици и да праша што се случува.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>