Зен будизмот не ја бара смислата на животот, туку помага при совладувањето на животните предизвици. Нè учи да бидеме трпеливи, да обратиме внимание на она што се случува во секој момент и да се фокусираме на овде и сега.
Во продолжение погледнете неколку Зен будистички мудрости:
Искушението да се откажете е најсилно токму пред победата.
Целта во животот е да се умре млад, но што е можно покасно.
Патувањето од илјада милји почнува со првиот чекор.
Силниот човек ја совладува препреката, мудриот човек го поминува целиот пат.
Дури и ако паднете, не значи дека сте го избрале погрешниот пат.
Секогаш гледајте на светлата страна. Ако тоа не можете да го сфатите, полирајте го она што го изгубило сјајот додека не почне да сјае.
Што и да се случува, секогаш се случува во вистинското време.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!