Понекогаш се чувствувате изморени од работата што секојдневно ја работите, но пред да одлучите да престанете со истата, обидете се да и дадете втора шанса на моменталната работна позиција ѝ обидете се да ја засакате.
Во продолжение неколку совети како да го постигнете тоа:
1. Разговарајте со вашиот претпоставен и искрено кажете му го она што ве мачи и прашајте го што би можел тој да направи за да бидете позадоволни со она што го правите. Укажете му на она што би сакале да го работите и замолете го да ви додели задачи во кои ќе може да уживате додека ги реализирате.
2. Дружењето со колегите е многу важно доколку сакате да одите на работа среќни. Потрудете се заедно да пиете кафе после работа или за време на паузите. На овој начин ќе бидете порасположени.
3. Ако сакате да работите на друга позиција во вашата компанија, бидејќи мислите дека тоа е поинтересно, обидете се да се префрлите во друг оддел и работете друг вид на работа. Можеби тоа ќе ве направи позадоволни.
4. Обидете се да се потсетите како на почетокот на вашата кариера сте биле воодушевени секојпат кога сте оделе на работа. Кога ќе помислите на старите чувства, можеби ќе сакате да останете на работа.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!