Top
Zakon_na_privlecnost_iLike_mk

Законот на привлечноста: Ти си свесен креатор на сопствениот живот!

Сè што доживуваме во животот, самите го привлекуваме. Сите тие нешта се слики кои ги создаваме во нашите мисли. Тоа е она што го мислиме и начинот на кој го мислиме. Што и да се случува во нашите мисли, тоа и го привлекуваме во својот живот.

По ова кратко објаснување, повеќето луѓе би рекле дека тоа е невозможно, затоа што тогаш сите би биле среќни, богати и здрави. Да, така би било кога сите би размислувале позитивно. Но, тоа во реалност не се случува! Често сме склони кон негативни мисли, грижи и размислуваме за проблемите околу нас. Тоа е сосема разбирливо бидејќи со тие нешта се соочуваме во нашето секојдневие.

Законот на привлечноста кажува дека она за коешто размислуваме е она коешто го привлекуваме во нашиот живот. Многу е тешко да се извлечеме од проблематичното секојдневие и да размислуваме позитивно за иднината и целите кон кои тежнееме. Секому е тешко, но мора да пронајдете начин да се мотивирате себеси и да се трудите секогаш да пронајдете позитивен поглед во секое случување.

Има една изрека која вели „парите се лепат на пари“, односно дека парите самите им доаѓаат на оние коишто веќе се богати. Се вели дека тие имаат среќа во животот, дека се родени под среќна ѕвезда, дека парите буквално се лепат за нив. Сè е тоа разбирливо ако во предвид се земе законот за привлечност. Оние кои имаат позитивен став кон парите привлекуваат пари во својот живот. Оние кои размислуваат за проблеми со парите и постојано зборуваат како немаат пари привлекуваат финансиски проблеми.

Познати се многу примери за луѓе кои „чудотворно“ се излечиле од неизлечиви болести. Тие се замислувале себеси дека ќе бидат здрави луѓе и успеале да ја извојуваат битката со болеста.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>