Top
majka i kerka

Врската помеѓу мајката и ќерката е нераскинлива!

Мајката е најдобрата пријателка на секоја ќерка, со која може отворено да разговара за излегување, другарки, важни животни одлуки, совети, љубов, па дури и секс.

Да се биде мајка значи да се има улога од негувателка до учителка, а поеѓу овие две улоги, некаде кон средината се наоѓа и улогата најдобра пријателка. Голем предизвик за секоја жена е истовремено да биде и добра мајка и добра пријателка. Мајките треба отворено да зборуваат со своите ќерки за секоја тема во животот, па дури и за табу темите кои вообичаено се избегнуваат од причина што многу мајки не знаат како правилно да им пристапат на своите деца. Не треба да ја поддржувате вашата ќерка во нејзините „луди идеи“, туку да ја научите на овие теми. Немојте веднаш да почнете да ја критикувате бидејќи вашата ќерка никогаш повеќе нема да ви се обрати кога ќе има проблем. Најпрво ислушајте ја и потоа советувајте ја, посочувајќи го најдоброто решение за нејзиниот проблем.

Дозајте ги нејзините интереси: музика слуша, кои се нејзините омилени автори и филмови. Кога ќе имате информации за нејзините интереси, полесно ќе можете да ѝ се приближите и да најдете повеќе теми за разговор. Кога знаете дека ќе има гости, не дозволувајте да имате несреден изглед. Ако сте соодветно облечени, со средена коса, таа ќе се гордее што сте ѝ мајка. Бидете „кул“ мајка, која поекогаш умерено ќе поразговара и со нејзиното друштво, но само ако не ѝ пречи тоа. Пред нејзиното друштво можете да ја покажете вашата смисла за хумор, но им дададете некои совети.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>