Top
deca

Вредни лекции кои можете да ги научите од децата

Возрасните можат многу работи да научат од децата. Особено што се однесува за здравјето и животниот ритам. Децата сè уште живеат слушајќи ги првично своите физиолошки потреби, реагирајки на стимулите веднаш и непречено ги искажуваат своите емоции. Возрасните сепак сето тоа ќе го остават на страна за подоцна, бидејќи ги гуши секојдневниот стрес и презафатеноста. А тоа подоцна може да се врати како бумеранг.

Кога сте гладни – јадете
Не го прескокнувајте ручекот бидејќи имате многу работа и немате време. Ако сте премногу гладни, може да добиете главоболка, да го нарушите метаболизмот, да се почувствувате изморено и апатично. Секогаш можете да одвоите пола саат за ручек. Децата го слушаат својот стомак.

Спиењето е неизоставен дел на секојдневниот живот
Не си ги скратувајте вредните часови за сон – спиењето е важно. Кога децата се изморени или нервозни, време е за кревет. Обидете се и вие да се придржувате на тоа. Ништо не го одмара и освежува мозокот (и изгледот) подобро од сонот.

Искажете ги емоциите
Ако сте тажни или некој ве налути или ве повредил искажете ги емоциите, не ги потиснувајте. Исфрлете го тоа од вас и ќе се чувствувате подобро.

Не морате да седите мирно, ниту во канцеларија, ниту дома
Децата се палави и постојано им кажуваме да бидат мирни. Но, движењето е најприродна човечка потреба. Зошто да не се мрдаме или од време на време да да стануваме од столот – и на работа и дома. Напротив. Што повеќе физичка активност, тоа подобро.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *