Top
uspeshna-zhena

Утрински ритуали на успешните жени

Иако станувањето наутро е тешко, треба да бидете позитивни и да ја барате убавината во секој дел од денот. Впрочем, нели денот по утрото се познава? Практикувајте ги навиките на успешните жени и за брзо време вашите утра ќе бидат прекрасни.

Стануваат половина час порано
Колку ова и да звучи сурово, сепак е корисно за вас. Ќе имате повеќе време за подготвување, без брзање и напнатост.

Одвојуваат време за кафе или друг утрински ритуал
Времето посветено за себе е најзначајно. Затоа, определете дел од утрото, макар биле и 15 минути кои ќе ги поминете во тишина или пак со вашата омилена музика. Направете го она што ќе ви го подобри расположението.

Пијат доволно вода
Секогаш се будиме дехидрирани. Доколку сакате да се чувствувате убаво, пијте вода уште од утринските часови!

Се тушираат
Утринскиот туш е одличен за будење на телото и умот и полнење на батериите.

Го планираат денот
За сѐ има време, доколку добро се организирате и знаете кои ви се приоритетни обврски, а кои не.

Знаат што ќе облечат
Ако наутро не знаете што да облечете и ништо не ви е испеглано, ќе си создадете нервоза. Затоа подготовката околу облеката направете ја од претходниот ден.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>