Top
Xmas-iLike-mk

Убави пораки за Божиќ (2024)

Божиќ е, а Вие немате идеја како да им го честитате овој убав христијански празник на Вашите блиски и сакани личности? Еве неколку убави божиќни пораки кои можете да ги пратите во облик на СМС, меил или класична честитка.


Нека сребрените зраци од Божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!


Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!


Христовата светлост нека ви го осветли домот, среќата нека ја победи тагата и Бог нека ви подари сè што немате и сочува сè што имате… Христос се роди!


Нека Бадниковата вечер избрише сѐ што треба да се заборави, а Божиќното утро нека осветли подарок исплетен од здравје, среќа, мир и љубов…


Нека целата година ве следи чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!


Како што на Бадник огнот се ложи, нека во вашиот дом богатство се множи, нека среќна ѕвезда во животот ве води, денес е Божиќ, Христос се роди!


Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!


Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ – Христос се роди.


Рана зора додека се руди, коледарска песна вас нека ве буди. Среќа и радост Господ нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадникова вечер да ви е наздравје. Берикет и к’смет во куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува! Среќен Божиќ!


Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Сѐ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!


Божјата милост насекаде нека ве прати, нека доброто со добро ви се врати. Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ – Христос се роди.


Денешниот блажен ден нека ви биде радосен. Божиќ вратата да ви ја злати, само среќа нека ве прати. Ангелот срцето кон љубов нека го води, мир Божји, Христос се роди!


Среќен Божиќ!




5 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>