Top
park-klupa-iLike-mk

Животна приказна: Туѓата среќа е и твоја среќа!

Во една болница во иста соба биле сместени двајца тешко болни и стари мажи, кои лежеле на кревети поставени еден спроти друг.

Едниот од нив секој ден морал да седи на својот кревет поради отстранување на водата од неговите бели дробови. Неговиот кревет бил сместен веднаш до единствениот прозорец во собата, а другиот маж морал постојано да лежи на грбот. За брзо време се запознале и постојано разговарале. Си раскажувале за нивните семејства, домовите, професиите, врмето поминато во војска, каде сè патувале, со кого сè имале можност да се запознаат…

Покрај тоа, секој ден, мажот кој седел покрај прозорецот му ги опишувал работите што ги гледал надвор на мажот кој лежел во креветот. Му раскажувал дека надвор има убаво паркче со езеро и лебеди. Дека лебедите си пловат во водата, а малите дечиња покрај езерото си играат со нивните бротчиња. Дека на клупите седат млади парови, прегрнати еден до друг. Дека големо, прекрасно дрво го разубавува паркот, а во далечините се гледа светлото на градот.
Мажот кој постојано лежел започнал да живее за прекрасните моменти кои неговиот пријател му ги раскажувал. Кога мажот којшто седел до прозорецот го објаснувал сето ова, неговиот пријател ги затворал очите и си ја замислувал прекрасната глетка.
Дури еден ден, неговиот пријател му опишал парада која се случува околу езерото. Без оглед на тоа што неговиот пријател не ја слушал музиката, тој ја „слушал“ во својата глава.

Така, поминувале денови, недели, месеци. Едно утро, кога влегла сестрата за секојдневна проверка, го нашла безживотното тело на мажот покрај прозорецот, кој мирно починал во сонот.

Мажот кој постојано лежел ја замолил сестрата да го однесе до прозорецот, иако бил мошне слаб.
Сестрата му ја исполнила желбата и го оставила сам. Со големи напори се подигнал на неговите лакти за првпат, по долго време, да го погледне надворешниот свет. Конечно имал можност сам да ужива во надворешните убавини кои дотогаш му ги опишувал пријателот.
Но, кога погледнал низ прозорецот, единствено што можел да виде бил празен ѕид. Се зачудил, па ја запрашал сестрата зошто неговиот пријател толку убаво го опишувал светот, кога таму има само празен ѕид.
Сестрата му соопштила дека тој бил слеп и дека не можел да го види ниту прозорецот пред кој стоел, но светот во неговите мисли бил многу поубав.
На тоа додала: „Можеби сакал Вас да ве направи посреќен и да ви го разубави денот?“.

Понекогаш вистинската среќа е онаа која сами си ја создаваме во нашите мисли и глава или кога имаме можност да направиме некој друг посреќен!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>