Top
rabotno_mesto

Трикови со кои ќе си ја олесните работата

Сигурно ви се чини дека е невозможно да ја задржите концентрацијата и продуктивноста повеќе од неколку часа на работното место, но не сте целосно во право.

Постојат неколку трикови кои можете да ги примените во канцеларијата, кои може да ви помогнат да го поминете вашиот ден на работа во поудобна атмосфера.

Променете го ставот кон работата
Зададените кратки рокови и строгите шефови обично се главните причини за стрес, кои предизвикуваат анксиозност при работа. Со менување на односот кон самата работа и шефовите, ефикасно ќе ја подобрите вашата продуктивност. Мора да ја подигнете свеста за вашата вредност и да ги преземе работите во свои раце за да го ослободите стресот и удобно да се чувствувате во вашиот стол.

Слушајте музика
Ако се случи да заглавите во многу работа во канцеларијата и не можете да направите ниту мала пауза, музиката е онаа од која можете да исцрпувате дополнителна мотивација и енергија.

Кратка прошетка
Една мала пауза за прошетка едноставно ќе ги реши вашите мисли. Исто така, ќе ви помогне да се истегнете и да ја разбудите поспаната циркулација.

На пауза направете нешто што го сакате
Додека некои претпочитаат одење, некои од нас не мора да ја напуштат канцеларијата за да добијат енергија за до крајот на денот. Играјте некоја игра на лаптопот или прочитајте интересна статија која нема никаква врска со работата.

Ставете го телефонот подалеку
Дома или во канцеларија, не е лоша идеја да го ограничите времето кое го минувате на мобилниот телефон и бројот на пораки што ги испраќате. Кога ви треба концентрација на работа, телефонот едноставно треба да биде колку е можно подалеку од вас за да не го наруши вашето внимание.

Поставете си време за проверка на меиловите
Апсолутно ќе ја подобри вашата организација и концентрација на работа, бидејќи нема да бидете растргнати помеѓу одговорите на поштата и другите работни обврски.

Заборавете на конкуренцијата
Наместо да се натпреварувате за работни места, работете на вашиот проект и потенцирајте ја вашата внимателност и квалитетот на вашата работа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *