Веќе утврдивме што најпрво забележува жената кај еден маж, а сега ќе дознаеме како е во обратна ситуација.
Велат за вкусови не се дискутира, бидејќи многу се разликуваат од индивидуа до индивидуа. Но, едно истражување кое било спроведено врз мажите, а се однесува на женската убавина и привлечност, покажува дека тие делат слични мислења.
Иако не постои човек кој може да им одолее на долги тенки нозе, убаво деколте или убава насмевка, сепак резултатите од истражувањето спроведено од списанието Glamour, покажуваат дека косата е клучен фактор кој игра голема улога во привлекување на мажите.
- 74% од мажите ги привлекува косата на жената,
– 44% од мажите ја забележуваат најпрво косата, а потоа нозете, облеката и шминката,
– 82% од мажите сметаат дека секси фризура е клучен елемент на женската заводливост,
– 60% од мажите признаваат дека попрво би излегле со жена која има совршена коса, отколку со некоја која има големи гради, и
– 78% од мажите велат дека сјајна, здрава коса и коса која убаво мириса, и тоа како ги возбудува.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!