Top
kafe

Тинејџерите треба да избегнуваат кафе, газирани сокови и енергетски пијалоци

Тинејџерите не смеат да пијат пијалоци кои содржат кофеин бидејќи токму тие пијалоци штетно влијаат врз нивниот мозок додека тој сеуште се развива. Темните газирани сокови, кафето и енергетските пијалоци полни со кофеин го спречуваат правилниот развој на нивниот мозок. Консумирањето на овие пијалоци според стручњаците од Универзитетската детска болница во Цирих се поврзува со растројство на личноста, шизофренија, анксиозност и побавна работа на мозокот. Според нивните истражувања, доволни се 300-400mg кофеин на ден за да се наруши развојот на мозокот во периодот на адолесценција. Таа количина кофеин ја има во 3-4 шолји кафе, 3 лименки енергетски пијалоци или големо шише темен газиран сок. Најголемиот несакан ефект на кофеинот е спречување на фазата на длабок сон која е клучна за создавање на синапсите во мозокот, а овој процес во најголема мера се случува од 13-та до 19-та година. Професорот Рето Хубер кој бил водич на оваа студија, вели дека кофеинот го спречува создавањето на синапсите и го оневозможува нормалното функционирање на мозокот. Мозокот поминува преку една особено чувствителна фаза на созревање за време на пубертетот, а токму тогаш кофеинот е најголем непријател.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>