Секој од нас знае дека воопшто не е лесно да се воспитуваат деца и дека тоа е една голема и одговорна обврска.
Ова се неопходните животни лекции кои треба да им ги пренесете на своите деца.
● Да ги почитуваат луѓето околу себе.
Без разлика на нивната возраст, пол или боја на кожа.
● Да не се плашат да погрешат.
Објаснете им како да научат нешто од грешките.
● Дека може да побараат помош од вас, без вие да ги осудите.
● Да умеат да заземат став кога не сакаат да направат нешто.
Да не прават нешто ако не го сакаат тоа, а се приморани или под закана.
● Да бидат упорни за да стигнат до нештата што ги сакаат.
● Да бидат хумани и да помагаат на послабите.
● Да научат дека ако одбијат некаков порок кој им се нуди од другарите не се помалку вреди.
● Да се грижат за своето тело, затоа што тоа е единственото во кое ќе мора да живеат цел живот.
● Да се грижат за својата околина.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!